По околу една недела откако се зборуваше дека седумте момци кои го сочинуваат најпопуларниот бенд „BTS“ сепак ќе мора да служат воен рок во својата земја, нивната продукциска куќа „Hybe“, поранешна „Big Hit Music“ официјално на социјалните мрежи гордо објави – дека е вистина.
Оваа тема се шпекулираше подолго време, особено во изминатиот месец.
Јужнокорејскиот бенд, исто така, помина извесно време во преговори со владата, бидејќи постоеше можност да добијат ослободување поради нивните достигнувања. Сепак, големите молби на бројните фанови не добија одговор.
Според странските медиуми, на поканата прва ќе се јави најстариот член на групата Ким Сеокџин, која на почетокот на декември ќе наполни 30 години. Останатите ќе бидат поканети по него.
– Со гордост објавуваме дека членовите ќе служат воен рок. По големиот концерт во Бусан, и додека секој од нив продолжува со соло проекти, ова е вистинскиот период за такво нешто и сите се горди – пишува во соопштението на компанијата, која потоа детално објаснила дека ќе ја почитуваат потребите на државата што е можно повеќе, како здрави и млади момци.
– По деловните обврски што ги има во октомври, Џин ќе влезе во процедурата и строго ќе ја следи – нагласија, па додадоа дека секој член ќе ја координира службата според неговиот распоред и приватните планови.
[공지] 방탄소년단 병역 이행 및 향후 활동 계획 안내 (+ENG/JPN/CHN) pic.twitter.com/jntF90agO4
— BIGHIT MUSIC (@BIGHIT_MUSIC) October 17, 2022
– Компанијата, како и „BTS“, секако со нетрпение го очекуваат повторното обединување по отслужувањето на мандатот на членовите околу 2025 година – заклучија тие.
Воената служба во Јужна Кореја, инаку, трае околу две години.
Според тамошниот закон, регрутот кој е оценет како способен за воена служба треба да отслужи најмалку 18 месеци во вооружените сили до 28-та година од животот. Кога споменатиот Сеокџин наполни 28 години во 2020 година, Сеул ѝ одобри на групата одложување, што е честа појава во жанрот К-поп.
Групата „BTS“, која ја сочинуваат и Ким Намџун, Мин Џунги, Јонг Хосеок, Парк Џимин, Ким Тајанг и Џон Џангкук, според пресметката на институтот „Hyundai Research“ од 2018 година, „донесува“ повеќе од три и половина милијарда долари за локалната економија – што е еквивалентно на придонесот на околу 26 средни компании.
Пред една година „донесоа“ доволно туристи кои би ги пласирале и нивните производи, што само на тој начин ѝ направиле на земјата нешто повеќе од милијарда. Помеѓу 2014 и 2023 година, аналитичарите предвидуваа зајакнување на економијата од 23,1 трилиони долари – само поради нив. Според „Форбс“, секој член на групата, пак, до 2020 година бил „тежок“ по најмалку 50 милиони долари, земајќи ги предвид музичките и другите достигнувања.