Ладните задоволства се одличен избор за да се засладите и разладите во топлите летни денови
За овој десерт ви требаат само 4 состојки, а толку лесно се прави што нема шанси да не успеете.
Состојки:
100 гр рендан кокос
1 кондензирано млеко
100 мл слатка павлака
100 гр чоколадо
Подготовка:
Истурете го кокосот во тепсија, па прелијте го со кондензирано млеко. Добро измешајте и ставете во фрижидер. Чоколадото растопете го со слатката павлака и прелијте врз кокосот. Ставете во фрижидер околу 3 часа.