Шакира (45) и Жерар Пике (35) првпат беа снимени заедно во јавност откако се појавија вестите за неговата измама.
Папараците ги фотографираа пејачката и фудбалерот овој четврток додека го напуштаа заедничкиот дом во Барселона. Изгледаа нерасположени, Пике беше зад воланот, а Шакира се обиде да го сокрие лицето на совозачкото седиште.
Претходно, Жерар беше снимен како ја носи мајката на Шакира Нидија дел Кармен Рипол во куќата која до неодамна ја делеше со пејачката.
Инаку, веста за раскинувањето на парот го изненади светот бидејќи делуваа како еден од најстабилните славни парови. Информацијата ја пренесе новинарот на дневниот весник „Ел Периодико“, Емилио Перез де Розас во подкаст каде што изјавил дека пејачката го фатила фудбалерот во измама, по што Пике наводно се иселил од нивниот семеен дом и се вратил во својот стар стан.
Истиот весник откри уште неколку детали за тоа која е девојката со која фудбалерот ја изневерил една од најатрактивните пејачки во светот.
Две новинари на „Ел Периодика“, Лорена Васкез и Лаура Фа, тврдат дека потврдиле дека Пике се забавува со млада русокоса девојка на возраст од 20 години и дека таа била студентка која работела како водителка во Барселона. Нејзиниот идентитет, барем засега, не е откриен.
Пике наводно неколку пати бил виден со неа, а Шакира сега дознала за нивните средби.
Да потсетиме, пејачката и фудбалерот се запознаа во 2010 година за време на Светското првенство во Јужна Африка, а во врска која никогаш не беше крунисана со брак, ги добија синовите, 9-годишниот Милан и 7-годишниот Саша.