Шакира и случајот „Затајување на данок“ – На славната пејачка ѝ се заканува затворска казна од ОСУМ години!

popara30 јули, 20221min00
h_57708048-696x464

Шпанското обвинителство покрена обвинение против колумбиската пејачка Шакира, во кое бара затворска казна од осум години и два месеци за наводни шест кривични дела против шпанската Управа за финансии.

Откако исчезна можноста за договор – Шакира ја одби последната понуда, што значеше избегнување затвор – констатирано е дека пејачката проневерила 14,5 милиони евра. Покрај затворската казна се бара и исплата на висока парична казна од 23 милиони евра.

Шакира силно го критикуваше обвинителството, кое го обвини дека е „непопустливо“ и дека користи „несоодветни средства за притисок“ и бара ослободителна пресуда. И покрај медиумската експонираност, таа е решена да оди до крај, објавија извори блиски до пејачката.

Во обвинението, Шакира се товари за шест кривични дела, со две отежнувачки околности – голема измама и употреба на инволвирани правни лица, односно фирми кои и овозможиле да ги сокрие своите приходи.

Обвинителството, меѓутоа, ја цени и олеснителната околност што овозможила намалување на затворската казна, поточно обесштетување, бидејќи пејачката му ставила на располагање на судот 17,2 милиони евра до завршување на постапката.

Обвинителот побара на судењето да бидат сослушани Шакира и вкупно 37 сведоци, дел од нив преку видео конференција.

Обвинителството заклучува дека Шакира во периодот од 2012 до 2014 година избегнала да плати данок (IRPF и Patrimoni) во износ од 14,5 милиони. Тезата на обвинителството е дека таа во тој период веќе започнала врска со играчот на Барселона, Жерар Пике и дека престојувала во Шпанија, во која била вклучена и обврската за плаќање данок. Доказ, според обвинението, е дека таа во тие години овде поминала најмалку 183 дена, што е законски услов некој да се смета за даночен резидент на Шпанија. Ова е важен елемент на дискусијата во овој случај. Од почетокот на истрагата Шакира тврдеше дека има легален и регистриран престој на Бахамите.

Обвинението се заснова на извештаите на инспекторите на Даночната управа, кои го анализирале секојдневниот живот на Шакира преку посети на фризерски и козметички салони, посети на клиниката Текнон за време на бременоста со нејзиното прво дете или на документирани докази, како што е изнајмување на студио за музичка продукција во близина на Барселона. Техничарите ги следеле и социјалните мрежи на пејачката, кои наводно докажуваат дека таа во споменатите денови била во Шпанија.

Обвинителството во својот поднесок наведува дека Шакира Изабел Мебарак Рипол од 2012 година постојано живее во Барселона, а од следната година во Есплугс, каде купила куќа, заедно со Пике. Првото дете на славната двојка, Милан, таа година е запишано во регистарот на Барселона. Како меѓународен уметник, Шакира често мора да патува во странство, но обвинителството овие патувања ги смета за „спорадични отсуства“. Со исклучок на нејзиното учество во музичката програма The Voice, во САД, се работи за „многу кратки престои“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma