Пејачката Шакира моментално престојува во Рим со синовите Милан и Саша.
Фотографите ги уловија во близина на познат ресторан, а пејачката го привлече вниманието со својата модна комбинација.
Шакира се појави во лежерна модна комбинација која ја комплетираше со чанта Balenciaga и сандали Bottega Veneta чија цена е 730 евра.
Таа носеше бели влечки со златни детали, сандали со чорапи и капа.
Инаку, пред неколку дена се појавија гласини дека Шакира е во врска со инструктор по сурфање, но таа тоа го демантираше.
– Од почит кон моите деца и ранливото време низ кое минуваат, барам медиумите да престанат да шпекулираат – рече таа и додаде:
– Немам партнер и ништо друго освен целосна посветеност на моите деца и нивната благосостојба.