Шварценегер престанал да го финансира синот по завршување на факултетот: „Ми рече дека сега сум препуштен сам на себе“

popara18 јули, 20221min00
1658049019851-s-830x0

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Бена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал на факултет.

Имено, Арнолд го имал Џозеф со домашна помошничка, која наводно била бремена во исто време кога сопругата на актерот, Марија Шрајвер го чекала нивното четврто дете.

Џозеф дознал кој е неговиот татко дури во 2011 година, кога неговата баба му објаснила се, а оттогаш, според неговото признание, животот му се променил.

Тој тргна по стапките на својот татко, станувајќи актер и бодибилдер, но кога татко му престанал да го финансира по факултетот, тој се свртел кон недвижнини за да се издржува.

– Благодарен сум на татко ми што ми помогна за време на факултетот. Но, сега кога е готово, ми рече: „Понатаму одиш сам“. Си помислив: “Какво с***е!”

Џозеф тогаш се обиде да глуми, но не му успеа, па мораше да тргне по друг пат.

– Ми требаше работа, не добивав улоги и немав начин да заработам. Морав да направам нешто, па почнав да волонтирам во агенција за недвижности. Сакав да научам што повеќе и да заработам пари. Но, потоа почнав да уживам и сфатив дека добро го правам тоа, па добив лиценца – заклучил Џозеф.

Интересно е тоа што Арнолд Шварценегер не е единствениот родител од Холивуд кој престанал да финансира дете после факултет. Истото го направи и НБА легендата Шекил О’Нил, кој објасни како сака неговите деца да работат за да научат што значи да се биде успешен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma