Пејачката дива Шер на Твитер сподели фотографија од скап прстен во кутија, што ги подгреа гласините за свршувачка со нејзиното 40 години помладо момче Александар Едвардс.
Имајќи предвид дека максимално ужива во љубовта со младиот Едвардс, поединци во коментарите почнаа и да ја нарекуваат госпоѓа со неговото презиме.
Александар за целата приказна се уште не се огласил, а фото-описот на пејачот се менуваше, што секако дополнително го зголеми сомнежот.
– Остана без зборови – прво рече:
Таа потоа ја објави фотографијата уште еднаш пишувајќи: „Ова го објавив затоа што ноктите се многу кул“:
THERE R NO WORDS,
ALEXANDER,A.E pic.twitter.com/TZOYLGVWkv— Cher (@cher) December 25, 2022
Шер (76) и Александар (36) дури минатиот месец јавно ја признаа својата врска, забележуваат странските медиуми, па не е чудно што сега сите се возбудени поради наводната свршувачка. Велат разликата во години е чудна, „само на хартија.”
„А, те запроси?“, „Среќна сум, и мајка ми е свршена од денеска, а ти си еден од нејзините идоли!“, „Госпоѓа Едвардс?“ шпекулациите продолжија, но пејачката се уште ништо официјално не потврдила, но не ни демантираше.