ШЕР ПРОГОВОРИ ЗА ТРАУМА ОД МЛАДОСТA: Имав три спонтани абортуси, се тркалав на подот

popara21 јули, 20221min00
213176_ap_f

Популарната пејачка Шер (76) додека била млада имала три спонтани абортуси, а својата емотивна исповед ја сподели на Твитер

Кога беше млада Шер беше во брак со Сони Боно, кој помина низ тешки времиња со пејачката.

– Кога бев млада имав три спонтани абортуси. Првиот го имав кога имав 18 години. Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и се тркалав на подот – го опиша Шер својот прв спонтан абортус.

Кога го доживеала вториот спонтан абортус, имала толку силни болки што завршила на операциона маса.

– Што би се случило со мене денес? – праша Шер на крајот, мислејќи на одлуката на Врховниот суд на САД која го ограничи правото на жените на абортус.

– Снимив филм за абортусот. Го проучував тоа прашање, разговарав со семејствата на убиените лекари и медицински сестри, со претепаните жени – додаде Шер.

Јавниот имиџ на популарната пејачка отсекогаш бил на големо коментиран, а какви и да биле впечатоците, никој не останал рамнодушен. Успешно се занимаваше со моделинг откако беше откриена од уредникот на магазинот „Вог“ на забава кај Џеки Кенеди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma