Шесте најпопуларни парфеми на сите времиња по избор на Французинките

popara28 август, 20221min00
62366383-chanel-no-5

Со помош на познатиот француски дизајнер на парфеми Френсис Куркџијан, магазинот Vogue направи листа на најпопуларните француски парфеми на сите времиња. Проверете подолу кои класици се најдоа на листата, зошто се толку посебни според мислењето на Куркџијан и зошто Французинките толку многу ги сакаат.

1. Chanel N°5

Станува збор за легендарен парфем кој ја носи идејата за женственост. Сеќавањето на Мерлин Монро која го носеше и модната куќа Шанел заедно, тоа е нешто неверојатно. Можеби ви се допаѓа или не, но со оглед на тоа дека е направен пред речиси 100 години и е многу посебен, мора да го пробате.

Chanel No. 5

2. Cacharel Anaïs Anaïs

L’Air du Temps од Нина Ричи беше првиот парфем што би го подариле на една млада девојка. Деновиве тоа е Анаис Анаис на Кашарел. Не би можело да се каже дека е лесен бидејќи има голема аура, но е многу светол и воздушесто цветен.

Anais Anais, Cacharel

3. Guerlain Shalimar

Во еден момент ви доаѓа потреба да го пробате парфемот на вашата мајка. Шалимар е икона. Многу е француски. Можете да го почувствувате во театрите, да го мириснете во операта.

Shalimar Eau de Parfum Guerlain

4. Yves Saint-Laurent Opium

Прво го имате Ив Сен Лоран, потоа имате мода, а потоа доаѓа Опиумот. Мирисот на тој парфем изгледа е од некој друг век, бидејќи тогашните парфеми немале овошни ноти кои денес многу ги користиме. Идејата за овој парфем повеќе не е скандалозна како некогаш, но сепак има нешто посебно во неговото име.

Yves Saint Laurent Opium

5. Kenzo Flower by Kenzo

Ова е ориентален парфем. Има врвни цветни ноти и нешто многу прашкасто, речиси како мирис на компактна пудра. Ако ја погледнете листата на најпродавани парфеми во други земји, ќе сфатите дека овој парфем со мирис на кармин е нешто што најмногу го гледате во Франција и никаде на друго место. Класика е.

Kenzo Flower by Kenzo

6. Chanel Coco Mademoiselle

Скоро секоја жена во Франција го имала во еден или друг момент. Тој во себе ја носи суштината на идејата за Французинките. Многу е модерно, шик, елегантно. Станува збор за овошно-цветен парфем кој спаѓа во групата на парфеми шипре. Парфемите Chypre се многу француски. Тие се апстрактна група мириси. Тие не се агресивни, но донекаде се мистериозни.

Chanel Coco Mademoiselle

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma