Шест верзии на боб фризурата кои посебно ќе им се допаднат на луѓето со густа коса!

popara27 април, 20221min00
62294579-rachel-mcadams

Иако густата коса обично предизвикува восхит кај другите, таа може да биде товар за сопствениците. Изборот на најдобрата фризура за густа коса може да биде предизвик бидејќи секој сака опција со која ќе изгледа добро и која нема да ни одземе премногу време за време на одржувањето.

Иако можеби не изгледа така, една од фризурите на која треба да размислите и која ќе ги исполни сите овие барања е – боб. Важно е само да изберете една од верзиите што најмногу одговара на густата коса.

Мислењето на фризерките е дека Боб е култната фризура на сите времиња, а кога ќе ја споредат со гардероба, велат дека е како да поседувате навистина одлична чанта или неверојатно палто. Фризура која се истакнува. И оваа фризура не е создадена само за тенка или виткана коса.

Подолу се прикажани шест верзии на боб кои, според експертите, се направени за густа коса.

1. Краток бушав боб

Ако сакате едноставна и шик боб фризура, нека биде кратка и бушава. Овој боб е фризура со асиметрично исечени врвови и многу текстура која изгледа одлично на густа коса.

2. Тап боб со шишки

Ова е верзија на боб кој никогаш не излегува од мода и е одличен избор за сите типови коса, вклучувајќи ги и густите кои понекогаш е тешко да се управуваат.

Krysten Ritter

3. Бушав боб со шишки

Шишките во комбинација со бушавоста изгледаат одлично. Станува збор за ѕhaggy верзија на претходната фризура која ќе внесе доза на опуштеност на косата.

Vanessa Hudgens

4. Долг слоевит боб

Боб до рамениците со многу слоеви е одлична опција кога сакате да ја направите густата коса „полесна“ и да ѝ додадете движење. Кога ќе се отстрани тежината од густата коса благодарение на слоевите, фризурата едноставно подобро ќе „лежи“. Ако сакате природен изглед, исушете ја косата на воздух.

Gabrielle Union

5. Асиметричен боб

Според експертите, густата коса може да издржи асиметричен крој. Освен тоа, сметаат дека асиметричната верзија на бобот во комбинација со густа коса изгледа особено впечатливо и препорачуваат длабока разделба на страна за да додадете доза на холивудски гламур.

Rachel McAdams

6. Лоб

И за крај, за сите оние кои не сакаат прекратки фризури, следува лоб, подолга верзија на боб. Она со што можете да си играте се текстурата и формата, така што косата напред е подолга, а задната пократка. Со цел лобот да биде силен и жив во исто време, разретчете ја косата.

Priyanka Chopra

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag