ШОК! ЏУЛИЈА РОБЕРТС заработила 14 МИЛИОНИ долари за 5 МИНУТИ ФИЛМСКО ПОЈАВАЊЕ (ВИДЕО)

popara29 декември, 20221min00
640728_julija_f

Актерката Џулија Робертс, за која многумина велат дека ја има најубавата насмевка на светот, заработила дури 14 милиони долари за нејзиното 5-минутно појавување во филмот „Денот на вљубените“ од 2010 година.

Робертс заедно со Бредли Купер се појави во една од најнезаборавните сцени во модерната историја на романтичните комедии, а за својата улога заработила фасцинантни 2,8 милиони долари по минута помината на екранот или 12 илјади долари од изговорен збор.

Познатата актерка за улогата на капетан Кејт Хејзелтајн однапред добила 3 милиони долари, а заработила уште 11 милиони долари затоа што потпишала договор со студиото „New Line Cinema“ што и овозможило да добие три отсто од вкупната заработка на филмот.

И покрај добрата заработка на кино благајните, филмот не ги доби најдобрите критики. Така, на „Rotten Tomatoes“ има 18 отсто позитивни оценки од критичарите и 47 отсто позитивни оценки од публиката.

– Во низата поврзани приказни, различни жители на Лос Анџелес поминуваат низ љубовните подеми и падови во текот на еден ден. Како што напредуваат празниците, тие доживуваат први состаноци, младешки занес и врски со старите љубовници – гласи синопсисот на филмот во кој глумат и Џесика Алба, Кети Бејтс, Џесика Бил, Бредли Купер, Џејми Фокс, Џенифер Гарнер, Ен Хатавеј и Ештон Качер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma