Дали шолја чај ви е вечерна навика?
Вечерните ритуали се корисни за постепено смирување на телото пред спиење. Доволно е некој да направи хигиена и да прочита неколку реда од омилената книга пред да заспие, но многумина ги мачи напнатоста, па дури и чувството на глад, гадење или срцебиење.
Ако чувствувате дека сакате да посегнете по некоја храна, но сте свесни дека не треба да јадете пред спиење, обидете се да испиете шолја млак чај од нане. Другите видови на чај, како и кафето, можат да ги влошат овие проблеми, особено црниот чај, кој има многу кофеин.
За разлика од него, чајот од нане има смирувачки ефект врз телото и умот. Може да ги ублажи дури и отчукувањата на срцето, а во исто време да опушта дигестивниот систем. Им одговара и на луѓето кои патат од мачнини.
Важно ограничување се однесува на оние кои страдаат од горушица или рефлукс на киселина. Забележано е дека нането може да им ги влоши тегобите, па затоа треба да се воздржат од овој чај.