Овој термин доаѓа од латинскиот јазик и е изваден од поширокиот контекст, па многу луѓе го користат во сосема поинакво значење.
Во нашиот јазик, некои фрази или дури и цели реченици кои често се користат ни станаа познати и ретко се прашуваме што всушност значат.
Сигурно некогаш сте го користеле или сте слушнале некој да го користи изразот Carpe diem кога сака да одложи некои обврски, домашни работи и слично.
Оваа латинска изрека обично се преведува како „Зграпчи го денот“ или „Земи го денот“ и се толкува како повик да се живее во моментот.
Оваа фраза се појавува во „Одите“ на Хорас како дел од пошироката фраза Carpe diem quam minimal credula postero, што грубо се преведува како „Зграпчи го денот со што е можно помала вера во иднината“.
Спротивно на она што го мислат сите, фразатабне значи дека треба да живееме само во еден момент без да се грижиме за утре, туку сосема спротивното – дека денес треба да направиме се што е во наша моќ за утре да биде подобро.
Всушност, тоа е сосема спротивно од тоа како ние ја користиме оваа реченица. Според неа, не треба да ја игнорираме иднината, туку треба да се трудиме да направиме денес повеќе, за утре да биде што подобро.
Се верува дека една од причините зошто вистинското значење на овој израз е изгубено во преводот е филмот „Друштво на мртви поети“, во кој учителот Џон Китинг, мајсторски игран од Робин Вилијамс, им вели на своите ученици: „Carpe diem! Искористете го денот, момци. Направете ги своите животи извонредни“.
Затоа, кога ќе го здогледате некаде овој израз, знајте дека тоа е покана тој ден да направите се што е во ваша моќ за утре да ви биде подобро, а не да ги оставате сите обврски и да уживате во моментот во некое кафуле, плажа или во вашиот дом.