
Нема многу научни објаснувања за толкувањето на соништата, но ако доживеете сон во кој паѓате додека заспивате, причината е прилично едноставна.
Медицината вели дека две третини од луѓето имаат хипнагогични грчеви – несвесни мускулни движења за време на преминот од свест во сон. Обично, таквите соништа се поврзани со силен замор.
Понекогаш се случува токму во тој момент да сонуваме дека одиме или трчаме, па грчењето се поклопува со чекорот во сонот во кој се чувствуваме како навистина да паѓаме.
Меѓутоа, кога станува збор за соништата со паѓање, психолозите исто така тоа го толкуваат како показател за несигурност, нестабилност или анксиозност.
Фројдовата интерпретација додава еротски контекст, па жената што сонува како паѓа се грижи заради своите желби и можноста нејзината репутација „да се оцрни“.
Во книгите за соништата, паѓањето значи отсуство на контрола над некоја животна ситуација, потреба да се излезе од навидум нерешлив проблем.
Губењето на рамнотежа се толкува како губење на стабилноста на некое важно животно поле – на работа, во љубов, во финансии.
Различно е толкувањето ако сонувате дека паѓате со падобран – тоа може да биде знак дека се ослободувате од нешто негативно и си ја враќате слободата. Ако сонувате дека некој друг паѓа, а вие го гледате тоа, запрашајте се што таа личност симболизира за вас.