ШТО ЗНАЧИ КОГА ЦРНА МАЧКА ЌЕ ВИ ГО ПОМИНЕ ПАТОТ? Старо народно верување открива, еве што всушност ви носи!

popara12 март, 20221min00
226375_black-cat-3753932-1920_f

Старите Египќани обожавале мачки, дури и црни. Но, во Европа тие биле демонизирани, а последица на старите верувања е дека и денес црните мачки најтешко се вдомуваат во засолништата.

Многу приказни и филмови се посветени на црната мачка, па ретко кога била симбол на нешто добро. И во историјата, значењата поврзани со црната мачка се контрадикторни. Секоја култура има свое верување, а едно од најпознатите е верувањето на луѓето кои живееле во Египет – кои ја обожавале затоа што ја сметале за претставник на божеството.

Старите Египќани обожавале мачки, и оние црните, па верувањето дека црна мачка што го минува патот е знак на среќа доаѓа од таа земја. Египетското божество, заштитникот на куќата, Бастет, бил прикажан како црна мачка со златни очи. Ако семејството имало црна мачка за домашно милениче, се сметало дека ќе има повеќе среќа и благосостојба во семејството.

Црната мачка која ви го пресекува патот, според христијанското верување, всушност е демон кој ни создава зла пречка. Црните мачки исто така се сметаат за лоши миленици.

Во средновековна Европа, тие се сметале за знак кој најавува несреќа. Црните мачки биле поврзувани со демонски суштества и вештерки, а ако мачката ви го помине патот е знак дека ѓаволот ве набљудува.

Меѓутоа, во некои култури црната мачка е знак на среќа. На пример, ако црна мачка се движи во ваша насока, се верува дека таа носи среќа, затоа не ја бркајте. Во Шкотска, ако во вашата куќа се појави црна мачка, тоа е знак за претстојниот просперитет. Во Јапонија, црната мачка се смета за знак на среќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma