Дали би пробале обратно миење на косата?
Со цел косата да биде здрава и да изгледа убаво, миењето е еден од најважните елементи на нејзината нега. Скалпот и фоликулите на косата мора да бидат чисти и без опструкции како што се себум или мртва кожа за да се почувствува оптимален раст на косата. Кога станува збор за тоа колку често треба да ја миеме косата, тоа всушност зависи од типот на косата.
Техники за миење на косата
Некои дерматолози препорачуваат обратно миење на косата, односно прво регенератор, па шампон. Се верува дека употребата на регенератори ѝ олеснува на косата подоцна да ја апсорбира влагата. Ова ќе биде особено погодно за коса која е сува или оштетена и ќе и додаде волумен.
Исто така, се истакнува дека косата може да изгледа почисто и помалку мрсно кога регенераторот се мие со шампон, а не со вода.
Можеме самите да се обидеме да ги потврдиме овие наводи.