
Тестирајте го и откријте ги неговите вистински чувства
На почетокот на врската, најважното прашање е дали другата страна го чувствува истото кон вас како и вие.
Се разбира, секогаш можете директно да прашате, но тоа ретко е добра идеја.
Па, секогаш можете да се обидете со една од испробаните техники за да проверите колку тој навистина се грижи за вас.
- Раскажете некоја емотивна приказна од вашиот живот
Целта на оваа тактика е да видите дали ќе ве слуша внимателно или не, дали ќе го интересираат детали, дали ќе покаже емпатија и разбирање… Изберете нешто што ви е важно, можеби нешто кога сте се чувствувале лошо, тажно, беспомошно.

Ако остане рамнодушен или незаинтересиран, нема потреба да го прашувате што мисли – веќе можете да видите дека не му е грижа.
- Замолете го да ве запознае со пријателите
Мажите многу ги ценат своите пријатели, важни им се, им треба нивната поддршка, го ценат нивното мислење и се гордеат со нив. Ако мажот се согласи да ве запознае со своите пријатели, тоа значи дека сте му важни, дека ве почитува и дека има планови со вас.
Но, ако вашиот партнер одбие (и тоа не за прв пат), тогаш или мисли дека нема да се вклопите во друштвото на неговите пријатели или нема посериозни планови со вас.

- Замолете го нешто да ви објасни или да ви помогне
Било да е тоа тема за која малку знаете или некоја практична помош. Ако ве исмејува, тогаш тој мисли дека не сте многу бистри и паметни.
Ако се обиде да ви објасни, да разберете, без осуда дека не знаете или со задоволство ви помага, тогаш нема сомнеж дека се грижи за вас и дека е добра личност која сака да помага.