Тестовите за оптичка илузија се користат во психолошки толкувања на личноста со цел да се открие вашата визија, перцепција, како и да навестат нешто што е длабоко во вас, за што и самите не сте биле свесни. Ви пренесуваме едноставен тест кој открива дали сте екстроверт или интроверт.
Екстровертите и интровертите се два модели на однесување дефинирани од Карл Густав Јунг, познатиот швајцарски психијатар. Интровертна личност укажува на личност свртена кон внатре, повлечена личност која тешко започнува разговор со луѓе, обично е срамежлива и незабележлива во општеството. Овие луѓе сакаат да поминуваат време сами, а имаат и многу тесен круг на пријатели и познаници. Тие можат да бидат склони кон мечтаење, соништа и илузии, често имаат перцепции кои се нереални за околината.
Екстровертната личност е отворена, лесно остварува комуникација дури и со непознати луѓе, сака друштво и заеднички активности. Овој тип на личност сака бучава, динамика, ужива да биде во центарот на вниманието, организира собири и е отворен за нови познанства.
Овој тест на личноста може да ви помогне да дознаете повеќе за тоа дали сте екстроверт или интроверт. Треба да ја погледнете сликата и да одговорите без да размислите кое животно прво сте го забележале.
- Лав – Ако прво сте го забележале лавот, вие сте интровертна личност која сака да поминува време сама и максимално ужива во таа осаменост. Најверојатно, вие сте личност која сака да поминува време со луѓе кои се исклучително блиски. Внимателно ги избирате пријателите и тие се луѓе кои се со вас со години и на кои можете да им верувате. Уживате да останете дома, да гледате филм, да читате книга, а најмногу ја избирате оваа форма на забава и релаксација наместо вечерните излегувања во гужви, со гласна музика и многу луѓе.
- Зебра – Ако прво ја забележавте зебрата, тогаш сте екстровертна личност која секогаш е отворена за нови луѓе и различни искуства. Уживате во друштво на луѓе и дружење, како и големи собири, врева и излегувања. Најверојатно сте личност која ужива да се забавува и да запознава нови луѓе. Исто така, имате тенденција да треба да бидете во центарот на вниманието, сакате да разговарате со луѓе кои штотуку ги запознавате. Вашето мото во животот е да ги прифаќате промените секој ден и апсолутно да ја разбиете монотонијата.