
Актерката Брајс Далас Хауард зборуваше за тоа како Universal Pictures побарале од неа да ослабне за филмот „Jurassic World: Dominion“.
41-годишната актерка и режисерка во новото интервју за Метро изјави дека во минатото имало разговори за губење на тежината на Хауард, а идејата се појавила заради третиот филм. Но, нејзиниот директор Колин Тревороу ја бранеше.

– Повторно дојде разговорот, „треба да ја замолиме Брајс да ослабе“… Тој (режисерот) рече: „Има многу различни типови на жени на оваа планета и има многу различни типови на жени во нашиот филм“ – рече Брајс и изјавил дека токму со таа реченица режисерот му дал до знаење на студиото дека актерката не треба да слабее.

Брајс откри дека нејзиниот режисер, кој ја бранел, ѝ дозволил „да прави толку многу акробации што не би биле возможни доколку била на диета“.


„Значи, јас сум навистина возбудена (за) целата акција што треба да ја направам, и морам да ја направам со моето тело, со максимална сила, и се надевам дека тоа е само уште еден показател за тоа што е можно“, рече Брајс Далас Хауард., пренесува Daily Mail.
