Ѕвездите на серијата „Еуфорија“ во аутфити од кои застанува здивот: Ру, Кеси и Меди во комбинации кои го истакнуваат сексапилот

popara24 април, 20221min00
324790_zendejanapremijerifilmaspacejamprofimedia0621199398_ff

На настанот посветен на серијата „Еуфорија“ се појавија актерите кои играат во споменатата серија, а меѓу нив беа Зендаја, Сиднеј Свини и Алекса Деми кои направија хаос кога се појавија.

Најинтересни беа нивните стајлинзи, од кои секој на свој начин внесуваше посебна нота и енергија.

Почнувајќи од Зендаја, која се одлучи за парчиња кои беа во сива нијанса и кои на интересен начин ја следеа линијата на нејзиното тело. Едно парче беше особено впечатливо, а тоа беше oversized јакната за која таа се одлучи. Нејзиниот костум го потпишува модната куќа Fear of God, салонките се на Кристијан Лубутен, а го избра накитот од модната куќа Булгари.

На забавата била и Синдеј Свини, која се одлучи за истото одело како Зендаја, но нејзиното било многу попровокативно и попредизвикувачко. Таа се одлучи за црни парчиња на Александар Меквин, додека блејзерот на половината има интересна кројка која треба да го нагласи сексапилот на секој што ќе се одлучи за ова парче.

Сиднеј дополнително ја „зачини“ својата комбинација со тоа што не облече ништо под сакото и на тој начин ги привлече сите погледи. На сето тоа додаде и пристоен накит со потпис на Мелинда Марија.

Покрај нив две, тука беше и познатата Меди, односно Алекса Деми, која облече интересен винтиџ фустан на Норман Норел кој го истакна нејзиниот сексапил. Интересна беше и фризурата за која се одлучи, која целосно го следеше изгледот што сакаше да го постигне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma