ЈАДЕТЕ ГО ОВОЈ ЗЕЛЕНЧУК И ГЛЕДАЈ КАКО СЕ ТОПАТ КИЛОГРАМИТЕ: Масните наслаги стануваат минато!

popara7 април, 20221min00
275977_shutterstock-1472025584_ls

Најдобар сојузник во исхраната може да биде зеленчукот.

Ако додадете повеќе зеленчук во вашата исхрана, тешко дека ќе погрешите. Овие намирници се богати со многу важни хранливи материи, а начините на подготовка се толку многубројни што секогаш ќе имате богато и разновидно мени.

Меѓутоа, доколку сакате да посветите посебно внимание на отстранувањето на масните наслаги, одредени видови зеленчук се особено корисни.

Спанаќот е многу корисен, благодарение на неговата висока содржина на влакна, кои го апсорбираат вишокот маснотии и го помагаат варењето. Значаен е и процентот на витамин К, бидејќи придонесува за топење на висцералните масти. Да се потсетиме, ова се најопасните масни наслаги кои ги обложуваат внатрешните органи и го здебелуваат стомакот.

spanać

Црвените пиперки се идеален зеленчук за диета. Имаат многу малку калории и многу важни хранливи материи и долго даваат чувство на ситост. Капсицинот, кој им дава црвена боја, е многу корисен во исхраната. Се препорачуваат за сите кои се склони кон прејадување – доколку по оброкот почувствувате дека сеуште не сте сити, земете една црвена пиперка и полека грицкајте ја. Ќе видите дека чувството на глад наскоро ќе помине.

paprike, crvene paprike

Брокулата секогаш се препорачува за диета, бидејќи се смета за супер-храна и има малку калории. Овој зеленчук е богат со антиоксиданси кои ги смируваат воспаленијата во телото, предизвикани од масните наслаги. Главната состојка е сулфорафан и го намалува нивото на озлогласените цитокини, за кои сите читаме за време на епидемијата на корона вирусот. А брокулата дава чувство на ситост.

brokoli

Последни на оваа листа се морковите. Нивното „тајно оружје“ не е некоја состојка, туку специфичната текстура поради која во процесот на варење се трошат повеќе калории.

Šargarepa

За да ги зачувате важните состојки на зеленчукот, не го изложувајте на долга термичка обработка. Идеално е кратко да се обари или да се испече во рерна, во добро затворен, огноотпорен сад.

Ќе послужи и парче алуминиумска фолија, само измијте го и исечкајте го зеленчукот, посипете со малку сол и добро завиткајте во фолија. Ставете го на плех и печете во рерна околу дваесет минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma