ЈАДЕТЕ МАЛКУ, А СЕПАК СЕ ЗДЕБЕЛУВАТЕ? Еве во што е проблемот!

popara15 мај, 20221min00
Screenshot_5

Храната со малку калории, малку маснотии и јаглени хидрати е најчестиот начин за слабеење. На овој пат, сепак, стои мозокот кој има некоја своја логика…

 

 

И мажите и жените често се одлучуваат да консумираат нискокалорична храна за брзо да ослабат, што практично ги прави гладни. Многумина по ваквите диети не признаваат дека подоцна си ја вратиле тежината, а често и повеќе од она што изгубиле.

 

– Нашиот мозок всушност ја контролира нашата маса, нашиот метаболизам и интензитетот на гладот. Студиите спроведени во текот на изминатите 50 години покажуваат дека хипоталамусот е „шеф“ за тоа колку се здебелуваме или слабееме. Нашиот мозок има многу јасна идеја за тоа колку сме големи и сака да ги премости и саботира сите обиди за слабеење. Ова е причината зошто повеќето луѓе всушност се враќаат на истото откако ќе ослабат повеќе. Ова е таканаречениот јо-јо ефект. Мозокот е незадоволен од недостатокот – вели д-р Џејсон МекКон, еден од водечките невролози во Британија за Индепендент.

 

Вели дека нискокалоричните диети (кои ги нарекува и изгладнување) се однапред осудени на пропаст. Тој тврди дека слабеењето е всушност многу поедноставно „на хартија“ бидејќи нашиот мозок навистина работи против нас. Ова се милениуми на еволуција што се обидуваме да ги поништиме.

 

– Нашиот мозок точно знае со каква тежина е задоволен. Единствениот начин на кој можете да влијаете на вашиот изглед и да ослабете е да го „ресетирате“ мозокот – вели неврологот.

 

Најдобро е полека и постепено да го намалувате внесот на шеќер, да ја намалите големината на оброкот и истовремено да вежбате. Нема брзи и здрави решенија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma