Јадете рака кикирики секоја вечер: Еве што ќе ви се случи со здравјето и телото!

popara25 декември, 20221min00
28405_shutterstock-611138720_f

Не само што имаaт одличен вкус, туку се богати со масти, протеини и други здрави хранливи материи.

Кикириките се една од најхранливите намирници кои дури можат да ви го продолжат животот.

Кикириките се богати со здрави масти, протеини, влакна и содржат повеќе од 25 есенцијални хранливи материи, почнувајќи од витамини Б и есенцијални амино киселини до минерали како што се магнезиум, фосфор и калиум. Истражувањата покажаа дека биоактивните соединенија содржани во кикириките помагаат за здравјето на срцето и имаат бројни други придобивки за човечкото тело.

Мастите во кикириките се првенствено мононезаситени и полинезаситени, за кои е познато дека помагаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања. Здравствените институции, вклучително и Американското здружение за срце, препорачуваат јадење незаситени масти наместо заситени масти кои се наоѓаат во храната како путер, полномасни млечни производи и масното месо.

Кикириките долго време се проучувани во однос на одржувањето на тежината, токму затоа што се богати со калории и масти. Сепак, кикириките не влијаат на зголемувањето на телесната тежина, па затоа консумирањето на оваа мешунка ќе ви помогне да ја одржите виталноста и да ја спречите дебелината.

Кикириките се нарекуваат и „храна за мозокот“, бидејќи содржат витамин Б3, кој е одличен за функцијата на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Содржи и флавоноид наречен ресвератрол, кој може да го подобри протокот на крв во мозокот за околу 30 проценти.

Она што е исто така многу важно е дека кикириките ги спречуваат брчките и го забавуваат процесот на стареење. Тие всушност имаат значителна количина на витамин Ц кој е неопходен за производство на колаген. Во суштина, колагенот е важен за одржување на здрави тетивите, ‘рскавицата и кожата. Затоа, конзумирањето на кикиритки ја подобрува цврстината на кожата, како и нејзината еластичност и свежина.

Многумина тврдат дека кикириките можат да придонесат за раст на градите дури и во подоцнежните години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag