Подготовката е прилагодена за почетници
Состојки:
4 свински котлети, со или без коски
сол, бибер
маслиново масло
путер
– за кремаст сос од печурки:
1 чаша сецкани печурки
2 лажици свеж сечкан магдонос
1 лажица свежа сечкана мајчина душица
4 згмечени чешниња лук
1 чаша павлака за готвење
Подготовка:
Зачинете ги котлетите со сол и бибер. Загрејте ги маслото и путерот во тава за пржење и пржете ги котлетите околу 3-4 минути од секоја страна додека не добијат златно кафеава боја и центарот повеќе не е светло розев (пржете во серии доколку е потребно). Извадете ги котлетите и оставете ги на страна.
Во истата тава додадете ги печурките и динстајте 3-4 минути на средна температура. Кога печурките ќе заруменат, додадете половина магдонос, половина мајчина душица и целиот издробен лук; пржете 30 секунди додека не замириса. Истурете ја павлаката и варете на тивок оган 3-4 минути додека малку не се згусне. Зачинете со сол и бибер по ваш вкус. Додадете ги котлетите назад во сосот, оставете да се крчка една минута за да се загреат. Украсете со преостанатите зачински билки и послужете веднаш.
За полесна подготовка може да го погледнете видеото: