Јапонска ДИЕТА со БАНАНИ: Победете ги вишокот килограми без да се изгладнувате

popara5 ноември, 20221min00
25b31a1a2f45f9f47f0939648852d05da8e6e9fd

Испробајте ја оваа популарна диета

Честопати ги одложуваме диетите затоа што немаме доволно сила и решителност да истраеме во нив кога гладот ​​ќе почне да не исцрпува. Затоа е важно да се изберат оние кои не се премногу радикални. Јапонската диета со банани е популарна токму поради тоа што нема изгладнување.

Важно е појадокот секогаш да се состои од банани со млака вода, бидејќи на тој начин се забрзува метаболизмот. Јадете една или две банани за појадок секое утро, а ручекот и вечерата се разновидни.

Мени за јапонската диета со банана:

Прв ден

Ручек: Супа со зеленчук, салата од зелка.

Вечера: 100 грама бело пилешко месо, салата по желба.

Втор ден

Ручек: Спанаќ со ориз, салата.

Вечера: 100 грама риба, парче интегрален леб, салата.

Трет ден

Ручек: 50 грама тестенини со сос од домати, салата од свежо цвекло.

Вечера: 70гр говедско месо на скара, парче интегрален леб, салата

Четврти ден

Ручек: Динстан зеленчук, салата од домати.

Вечера: Пилешки батак без кожа, салата по избор.

Петти ден

Ручек: Рибја чорба и салата по избор.

Вечера: 100 грама мисиркино месо и зелена салата.

Шести ден

Ручек: Чорба од зеленчук, салата од свежи краставици.

Вечера: Салата, пилешко или мисиркино месо на скара.

Седми ден

Ручек: Динстани печурки со ориз.

Вечера: Зеленчук на скара и салата од домати.

Иако диетата не е ригорозна, се препорачува да разговарате со вашиот лекар пред да почнете да ја применувате. Секоја ненадејна редукција на калориите може да предизвика стрес на организмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag