Во Њујорк се одржа премиерата на филмот „Halftime“, а на црвениот тепих се појавија голем број јавни личности. Сепак, целото внимание го украде Џенифер Лопез, а причината не е за пофалба.
Имено, целиот свет зборува за стајлингот на латино дивата. И обожавателите и модните критичари се согласуваат дека овој пат ја премина границата на добриот вкус.
Фустанот со шлиц повеќе откриваше отколку што покриваше, а многумина се согласија дека иако е згодна, овој модел не ѝ одговара на нејзините години.
Креацијата може да ја погледнете ТУКА
„Овој фустан не е погоден за 20-годишна девојка, а не за неа“, „Убава е, но не мора секогаш да ги истакнува облините во преден план“, „Ова е вистински моден хорор “, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
И покрај негативните коментари, пејачката и актерка не симна насмевка од лицето.
Дали се согласувате со модните критичари? Дали латино дивата ја премина границата на добриот вкус? Погледнете ТУКА