Познатиот комичар Пит Дејвидсон и познатата Ким Кардашијан неодамна беа во центарот на вниманието на медиумите, бидејќи решија да ја прекинат љубовната врска и да тргнат по својот пат.
Иако на почетокот се наведуваше дека причината за разделбата е недостатокот на време, подоцна се покажа дека тоа не е така.
Странските медиуми објавија дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон раскинале, а наводно за се е виновен презафатениот распоред на овие двајца познати и успешни личности.
Како што сега пишуваат порталите, ова не е единствената причина, туку улога имала и разликата во години.
Пит се вери и со Аријана Гранде во 2018 година, но и таа љубов не траеше. После тоа девет месеци беше во врска со Ким Кардашијан.
Многу нејзини обожаватели и членови на семејството ја поддржаа врската и истакнаа дека тој има многу позитивно влијание врз неа.
Меѓутоа, откако раскинаа, не му требаше долго време да најде замена за Ким, па пред неколку дена беше виден како се држи за рака со манекенката Емили Ратајковски.
Само три недели пред да бидат видени заедно, Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг објавија дека се разведуваат. Нивното раскинување беше потврдено во септември.
Откако беа забележани заедно во Њујорк, многумина шпекулираат дека Емили и Пит се жешка двојка.