За да ги избегнат високите сметки за струја, луѓето на секој начин се трудат да ја намалат потрошувачката и на тој начин да заштедат пари. Добрата изолација во домот може да биде од големо значење и да го заштити домот од студот во зимските денови, а со тоа да ја намали потрошувачката на електрична енергија на минимум.
Има многу работи кои одземаат многу топлина, како на пример тенки ѕидови, но и просторот помеѓу даските доколку имате дрвен под.
Сепак, еден корисник на TikTok смисли начин да заштеди при загревање на куќата и има одличен совет за другите. Имено, таа на неверојатен начин го затворила малиот простор меѓу подните даски кои ѝ ја ладеле собата.
„Празнините во вашите подови може лесно да влијаат на греењето во вашиот дом и да ве чинат повеќе. Ова е супер лесен и евтин начин да ги поправите. Малите промени се бројат!“, гласи описот на нејзиното видео.
@lydsear Its the small changes that count! #fyp #costofliving #costoflivingcrisis #costoflivingcrisisuk #heating #energybills #liztruss
♬ B.O.T.A. (Baddest Of Them All) – Eliza Rose & Interplanetary Criminal
Девојката ги наполнила пукнатините меѓу подните даски со тесен сунѓер и така го запрела протокот на ладен воздух низ пукнатините.
„Ги полнам само таму каде што можам да го почувствувам студениот воздух. Тоа барем ќе спречи студениот воздух да не влезе одоздола“, објасни таа.
Многумина беа воодушевени од нејзината духовитост и позитивно го коментираа тоа што го направила.