Лененото семе е богато со протеини, растворливи влакна, железо и цинк минерали, но и витамини Б1, Б2, Ц, Е и провитамин А.
Се користи како додаток на житариците, кои ги консумираат оние кои се на диета или кои сакаат подобро да го исчистат организмот.
Одличен лаксатив
Бидејќи се богати со масла и влакна, овие семиња се и одличен лаксатив. Омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во ленот, имаат антиинфламаторно дејство. Многу клинички студии покажаа дека со ова растение можете да си помогнете при проблеми со висок холестерол и некои срцеви заболувања.
За да се ослободите од запек, јадете по една лажичка сурови семки секое утро на празен стомак.
Иако можеби не изгледа вкусно, џвакајте го колку што можете подолго. Можеби ќе ви биде полесно ако натопите една лажица ленено семе во шолја млака вода, ја оставите да отстои шест часа и ги изедете семките пред спиење. Се разбира, без водата.
Го смирува жеелудникот
Ленот е одличен начин да го смирите стомакот, да ја обновите слузницата и да го подобрите вашето здравје.
Купете 200 – 300 грама ленено семе во продавниците за здрава храна. Секоја вечер две кафени лажички семе прелијте ги со два децилитри обична или зовриена вода (собна температура) и покријте го садот. Така треба да стои преку ноќ бидејќи од семките ќе се ослободи благ слуз. Процедете и испијте ја течноста наутро.
Сите негови лековити својства се наоѓаат во таа слуз. Ја обложува заболената гастрична слузница, штити и го ублажува воспалението.
Иако веќе по десет дена ќе почувствувате дека е полесно, не треба да ја прекинувате „терапијата“ 40 дена.