Секој пушач знае колку утринската флегма може да биде непријатна, а да не зборуваме за кашлицата.
Дури и ако не пушите, акумулацијата на слуз исто така може да биде проблем, бидејќи го отежнува дишењето.
Постојат домашни лекови кои ќе помогнат во чистењето на белите дробови, а еден од најпопуларните Русите го користат со векови.
Се верува дека овој природен лек помага во исфрлањето на слузта и го олеснува чистењето на бронхиите. Посебно е ефикасен за кашлица кај пушачите.
Состојки:
1 лажица јаболков оцет
1 лажица кокосово масло
1 лажичка мед
околу 200 ml вода
мало парче корен од свеж ѓумбир (големина 6-8 мм)
Подготовка:
Ѓумбирот исечкајте го на парчиња и ставете го во вода. Се вари и се остава напитокот да се излади.
За посилна кашлица додадете кокосово масло, јаболков оцет и мед. Испијте ја оваа количина одеднаш.
Овој пијалок може да се пие секогаш кога ќе почувствувате отежнато дишење, што може да биде последица на насобраниот секрет.