Ја ублажуваат болката, чешањето и пецкањето: Три најмоќни чаеви кои помагаат при уринарни инфекции

popara14 октомври, 20221min00
shutterstock_1455532880-2048x1365

Инфекциите на уринарниот тракт можат да бидат исклучително упорни и болни, особено за време на мокрењето.

Затоа е важно да се започне со лекување на време за да се избегнат дополнителни тешкотии.

Покрај терапијата што треба да ви ја препише лекар, не е на одмет да консумирате чаеви кои се покажале како едно од најдобрите решенија кога се во прашање уринарните инфекции.

Брусница

Брусницата е многу ефикасна во лекувањето на разни воспаленија и инфекции, но овие црвени бобинки станаа хит кога беше откриено нивното благотворно дејство врз воспалението на уринарниот тракт предизвикано од ешерихија коли. Оваа бактерија се лепи за ѕидовите на уринарните канали, но благодарение на ефектот на брусницата се спречува нејзиното лепење, па полесно се исфрлаат од телото преку урината.

Подготовка: Сварете 30 гр брусница во 0,5 л вода додека не испари половина од течноста. Додадете голема лажица мед и пијте шолја топол чај три пати на ден после јадење.

Магдонос

Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и исфрлање на вишокот течности, а е и одличен лек против уринарни инфекции.

Подготовка: Во шолја топла вода ставете една или две лажички суви листови или корења магдонос и оставете да отстои десет минути. Процедете и испијте го чајот додека е топол. Пијте три шолји дневно после јадење.

Чај од мечкино грозје (увин чај)

Ува или мечкино грозје е билка која се користи за лекување на уринарни инфекции. Зелените, кожести листови имаат антибактериско дејство и на тој начин ги уништуваат бактериите и вирусите.

Подготовка: Лажица суви листови од ова растение прелијте со 250 мл зовриена вода, оставете да отстои 15 минути, процедете и испијте без шеќер. Пијте свежо подготвен чај три пати на ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma