ЈА ЧИСТИ КРВТА, ПОЛН Е СО ВИТАМИН Ц – Костенот го намалува лошиот холестерол, го стимулира ВАРЕЊЕТО и нормалната работа на МЕТАБОЛИЗМОТ

popara28 октомври, 20221min00
shutterstock_1584110566

Време е да го искористите!

Со доаѓањето на есента, печените костени мирисаат на улиците, потсетувајќи нè на топол дом и на вкусовите од детството. Освен што се поврзува со убави спомени, костенот е подарок од природата кој е многу здрав и хранлив. Во исхраната се користи питомиот костен. Иако е јаткасто овошје, костенот има малку маснотии и главно сложени јаглехидрати. Секако, тоа не значи дека станува збор за помалку здрава храна од, на пример, оревите или лешниците.

Извор на влакна

Само 10 печени костени ќе ви обезбедат 17% од дневната доза на растителни влакна, кои се неопходни за здраво варење. Влакната кои се наоѓаат во растителната храна како што се јаткастите плодови влијаат на намалувањето на нивото на LDL (или „лошиот“) холестерол и придонесуваат за одржување на телесната тежина.

kestenje

Стабилен извор на енергија

Бидејќи содржи сложени јаглехидрати, нашето тело полека ги вари, што му обезбедува постојан извор на енергија. Храната богата со влакна и сложени јаглехидрати не го нарушува нивото на шеќер во крвта, туку ги намалува потенцијалните скокови на инсулинот.

Го зајакнува имунолошкиот систем, крвните садови и коските

Покрај сложените јаглехидрати, костенот содржи и витамин Ц кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем, но и крвните садови, формирање на ‘рскавица, мускули… Ги штити клетките од оксидативен стрес и помага во апсорпцијата и складирањето на железото.

kestenje

Костенот содржи и бакар, кој игра важна улога во зачувувањето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските. Десет печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна потреба за овој минерал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma