Јелена Џоковиќ во досега невидено издание: Објави видео од бањата

21 септември, 20220
jelena-4-830x0

Во тоалетот се снимала само во пењоар, а со оваа објава започна голем број коментари

Сопругата на српскиот тенисер, Новак Џоковиќ, Јелена ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со ново видео од бањата.

Инаку, во рамките на фондацијата што го носи името на Ноле, таа организира предавања на тема родителство низ регионот, а пред едно од нив откри како ја средува косата, шминката, стајлингот, а потоа излегува на сцена.

Со краткото видео кое го започна пред огледалото во бањата со мокра коса, на почетокот изненади многумина, бидејќи ретко кој досега имал можност да ја види во вакво издание.

– Сите сме полни со впечатоци по вечерашниот настан! Прекрасна вечер на родители, воспитувачи и идни родители и фантастичната, енергична д-р Шефали, која свесното родителство го доближи на најдобар можен начин до публиката. Пораките за благодарност сè уште пристигнуваат. Со нетрпение очекуваме да го прошириме нашиот проект „Поддршка, а не перфекција“ во Словенија. Следете не – напиша таа покрај видеото кое ги воодушеви сите.

Собра бројни лајкови од нејзините следбеници, од кои многу брзо се согласија во коментарите дека треба да биде пример за девојките, како една убава, но и многу успешна жена.

Погледнете како изгледа Јелена во галеријата подолу:

jelena-djokovic-830x0
jelena-1-830x0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *