Роби Колтрејн, легендарниот Хагрид од култната филмска франшиза за „Хари Потер“, почина на 73-годишна возраст. Светот беше шокиран од веста за прераната смрт на актерот, а многу фанови тагуваат по него.
Да потсетиме дека Роби беше најпознат по улогата на нежниот џин Хагрид, но влезе и во историјата како единствениот актер кој три години по ред ја освоил наградата за најдобар актер на БАФТА наградите. Веста за смртта на актерот ја потврди неговиот агент и менаџер. Покрај тоа што беше Хагрид, ќе го паметиме и како психологот Др. Еди Фиц Фицџералд во серијата „Cracker“. Колтрејн беше еден од најомилените британски актери на сите времиња, а пред да започне да глуми беше комичар.
„Ве молиме почитувајте ја тагата и приватноста на семејството во овој трагичен момент“, рекол агентот и побарал од јавноста да го остави семејството на актерот на мира. Колтрејн зад себе ја остави својата ожалостена сестра Ени Реј, синот Спенсер и ќерката Алис, како и нивната мајка и неговата поранешна сопруга Рона.
Инаку, актерот минатата година, кога се славеше 20-годишнината од премиерата на првиот филм за Хари Потер, изјави дека поради франшизата изгубил речиси се во животот, поточно семејството. Поради долгото снимање, тој се разведе и се огради од сопствените деца со кои до смртта не можеше целосно да ја израмни врската. Така, пред ТВ камерите рече дека како Хагрид ги одбележал детствата на децата ширум светот, но ги запоставил сопствените потомци. Тој беше во брак со Рона, која ги роди неговите деца, до 2003 година, кога нивната врска се распадна и отиде на суд токму поради тоа што Колтрејн беше премногу посветен на својата холивудска кариера, а не на семејниот живот.
Почнал да глуми кога имал само 12 години, а се појавил во дури два филма за Џејмс Бонд. Историјата секогаш ќе го памети како голем актер кој ги стопи срцата на публиката со својот портрет на нежниот, грижлив Хагрид.
Се уште се чекаат реакциите на неговите колеги, како и објавувањето на причината за смртта.