Ќерката на актерот Џони Деп, Лили Роуз Деп (23) игра во новата серија „The Idol“ чијашто премиера ќе биде наскоро, а младата актерка ги воодушеви фановите со нова фотографија на Инстаграм на која се гледа дел од атмосферата на снимањето
Лили се појави во провокативен костим кој едвај ги покриваше нејзините интимни делови. Лили очигледно е прекрасна девојка, исто како што беше нејзината мајка, пејачката Ванеса Парадис.
Се уште не е познат точниот датум на премиерата на серијата „The Idol“, а информацијата дека ќе почне да се емитува „наскоро“ ги израдува фановите.
Ќерката на Џони Деп со години ги воодушевува обожавателите со своите смели изданија на црвениот тепих.
Поради нејзините родители, Лили често патувала од Париз до Лос Анџелес. Така течно научила и француски и англиски, па не и е проблем да дава интервјуа на двата јазика, но и да глуми во исти филмови.
Бидејќи нејзината мајка беше позната пејачка, Лили сакала да се занимава со пеење, но решила да биде актерка.