Ќе изгледате уште ПОДЕБЕЛО: 4 парчиња облека кои не им одговараат на ПОЛНИТЕ жени

popara19 април, 20221min00
shutterstock_1208186824

Оваа облека додава тежина

Кога станува збор за изборот на облека, важно е таа да одговара на вашата фигура.

Тоа значи дека гардеробата треба да ги нагласува вашите атрибути, а во исто време да ги прикрива вашите недостатоци или едноставно да покажува каква е вашата линија навистина.

Ако сакате да изгледате совршено, важно е да избегнувате облека што визуелно додава тежина. Овие работи ги носат голем број луѓе, иако не се наменети за секого.

На дебелите дами особено не им е потребна облека која дополнително ќе ги прошири.

  1. Светли фармерки

Дури и потполно слабите жени ќе изгледаат пополно ако носат светли фармерки, особено оние кои се осветлени на бутовите.

Доколку веќе се борите со вишокот килограми, најдобро би било да одберете потемни модели на фармерки.

  1. Претесна гардероба

Дури и ако имате совршена градба, претесните работи ќе направат да изгледате подебело. Тесните фустани, здолништа, панталони и маички нема да ви ласкаат на фигурата, туку напротив, можат целосно да ја изобличат.

Немојте строго да ја следите ознаката за големина на парчето облека, бидејќи таа може да варира од производител до производител. Најдобро би било да го пробате секое парче пред да го купите.

  1. Избирате погрешни чевли

Лошиот избор на чевли може визуелно да ви ги скрати нозете, што ќе направи да изгледате буцкасто. Чизмите до колена не се најсреќното решение.

  1. Ни прешироката гардероба не е добро решение

Широките фармерки оваа сезона се вратија на голема врата и се почесто можат да се видат на улиците. Сепак, иако претставуваат еден од најновите модни извици, треба да се биде внимателен со нив, бидејќи не одговараат на сите.

Како и во случајот на тесна гардероба, задолжително пробајте ги пред да ги купите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma