– Универзумот „Squid Game“ штотуку започна – изјави генералниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.
Популарната серија добива и втора сезона. Оваа информација ја потврди генералниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, откако беше спроведено испитување дали треба да се продолжи со реализацијата од Јужна Кореја или не.
– Апсолутно. Универзумот „Squid Game“ штотуку започна – рече Сарандос, сугерирајќи дека фановите можат да видат многу повеќе од новата сезона.
Генералниот директор на Нетфликс не даде други детали за втората сезона на серијата.
Креаторот на серијата, Хванг Донг-Хјук, навести дека има планови за продолжението, кои се во подготовка.
– Имаше толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов за втората сезона. Така што, речиси чувствувам дека (фановите) не ни оставаат избор – изјави Хванг за АП.
Тој додаде дека Ли Јунг-џае ќе се врати како главниот лик Сеонг Ги-хун. Да потсетиме, „Squid Game“ следи група од 456 луѓе кои беа избрани да учествуваат во серија бизарни и смртоносни игри за шанса да освојат милијарди.
Првата сезона од серијата заврши па има можност да се направи и втора сезона. „Squid Game“ постави нов рекорд како најгледаното шоу на Нетфликс во историјата, со над 1,65 милијарди часови гледани од претплатниците во првите 28 дена.