Ќе им го продолжите рокот на траење и ќе се ЗГОЛЕМИ ефектот: Која козметика треба да ја држите во ФРИЖИДЕР

popara3 септември, 20221min00
Sminka

Поголемиот дел од луѓето немаат тенденција да чуваат козметика во фрижидер и повеќето од продуктите се чуваат некаде во бањата или спалната соба.

Меѓутоа, чувањето на козметичките производи, како креми или шминка во фрижидер може да има значителни ефекти врз нивното времетраење и ефект.

За почеток, важно е да знаете дека природните и органските, домашни препарати, како и оние кои содржат витамин Ц, треба да се чуваат во фрижидер, по препорака на многу експерти. Главната причина е што содржат малку конзерванси, па затоа подобро ги зачувуваат своите хранливи материи и активни состојки во ладна средина.

Што се однесува до шминката, долготрајните моливи и ајлајнерите треба да се чуваат во фрижидер, бидејќи содржат материи кои многу брзо испаруваат во топла средина, па особено се препорачува во текот на летото да останат на ладно место.

Во фрижидер треба да се чуваат и препаратите кои содржат етерични масла, бидејќи така се зачувува нивниот квалитет, што не е случај со чување на собна температура.

Во поладна средина треба да се чуваат и геловите, маските и кремите кои се наменети за пределот околу очите бидејќи на тој начин се засилува нивниот ефект, односно побрзо се намалуваат темните кругови и кесичките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma