Доколку сакате да бидете во тренд, носете ги овие бои
За да изгледате скапо, не е секогаш неопходно да се купува облека што е во тренд.
Понекогаш е доволно само да следите кои бои се популарни и како да ги комбинирате.
Уредничката на “Who What Wear”, Максин Егенбергер откри кои комбинации на бои прават да изгледате шик и скапо.
Според стилистката, некои комбинации на бои визуелно можат да создадат впечаток на евтин и кич стил, додека други прават да изгледате како да носите скапа, брендирана гардероба.
Така, на пример, беж облеката секогаш изгледа добро, а во комбинација со темно сина е полн погодок. Оваа комбинација ја прави секоја стилска комбинација софистицирана. Максин истакна и дека земјените тонови одлично се комбинираат еден со друг, а како најмодерни ова лето ги издвои бојата на рѓа и жалфија.
Егенбергер исто така истакна дека кафената боја изгледа особено софистицирано со златни детали, додека портокаловата најдобро е да се носи со светло сиви парчиња.
Стилистката ве советува да обрнете внимание и на комбинацијата на црвена и розова облека, како и комбинацијата на сина и жолта.
– Кога „пудрената“ жолта се комбинира со нежно, светло сина, таа комбинација е непогрешливо шик – вели Максин.
Комбинација која никогаш не излегува од мода и секогаш делува скапо е црно-бело. Во исто време, спојот на црна и фуксија (розово-виолетова), виолетова и жолта, зелена и црвена се сметаат за најлоши комбинации.