ЌОФТИЊА ОД ЗЕЛЕНЧУК: Нема ништо подобро од оваа комбинација!

popara12 април, 20221min00
267441_shutterstock-653403838_ls

Подгответе здрави, едноставни и вкусни ќофтиња кои ќе го воодушеват целото семејство.

Состојки за 4 лица:

400 гр варен конзервиран наут
1 главица брокула
1 јајце
30 гр брашно
30 гр рендано сирење
3 лажици маслиново масло
1 лажичка лук во прав
1 лажичка сушен магдонос
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Измијте ја брокулата и исечкајте ја на цветчиња, кои потоа треба крупно да се исецкаат. Наутот исцедете го од конзервата и исплакнете го под млаз вода.

Сварете ги заедно во зовриена вода 2 минути, па добро исцедете ги.

Добра половина од брокулата и наутот протресете ги во сад. Со вилушка грубо изгмечете ги состојките, па додадете го брашното, изматеното јајце, сирењето, лукот, магдоносот, солта и биберот и остатокот од смесата. Се заедно измешајте да се соедини убаво.

Од смесата обликувајте ги ќофтињата со влажни раце.

Во тава загрејте го маслото на кое ќе ги пржите ќофтињата, по 3-5 минути од секоја страна. Откако ќе се заруменат ќофтињата, послужете ги со омилениот прилог или прелив.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma