Ќофтиња од модар патлиџан во сос од домати: Внатре полнети со топено сирење (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara9 ноември, 20221min00
cufte

Вистински специјалитет

Состојки:

1 модар патлиџан

2 чешниња лук

2 супени лажици маслиново масло

1 јајце

50 гр пармезан

2 гранчиња босилек

60 гр презла

6 коцки моцарела или сирење

1 чаша сос од домати

Подготовка:

Модриот патлиџан исечкајте го на коцки. Префрлете ги коцките модар патлиџан во голема тава со маслиново масло и цело чешне лук, посолете и динстајте 10 минути. Кога ќе се изладат коцките модар патлиџан измешајте ги со јајцето, 1 сечкано гранче босилек, презла и пармезан. Земете малку од смесата со модар патлиџан и израмнете ја на дланка. Ставете коцка моцарела и одозгора додадете уште смеса од модар патлиџан. Погрижете се целосно да го покриете сирењето, а потоа направете ќофтиња. Пржете ги ќофтињата на средна топлина со малку маслиново масло 5-6 минути или додека не поруменат.

Во меѓувреме, варете заедно 1 гранче босилек, 1 чешне лук и доматен сос 10 минути на тивок оган. Извадете ги босилекот и лукот и послужете по малку од сосот врз секое ќофте од модар патлиџан.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma