Верувале или не, Џаред Лето наполни педесет години!!!
Актерот Џаред Лето го прослави роденденот со фотографија на која седи гол до половината, со крвави усни додека јаде торта. „Ви благодарам на сите за роденденските желби! Напиша актерот, додека неговата фотографија им се допадна на 14 милиони луѓе.
Покрај неверојатните стомачни мускули, Џаред нема ниту една брчка на лицето, додека во рацете држи торта со боја на виножито. Фотографијата е направена во бекстејџот за време на снимањето на филмот за вампирите, па оттука и крвавите усни на Џаред.
Лето неодамна сподели фотографија од 2008 година, која ја спореди со онаа од 2016 година, на која изгледа идентично: „Неверојатно е што може да направи малку човечка крв“, напиша тој, алудирајќи дека не старее бидејќи е вампир.