Џастин Бибер заврши на суд поради плагијат на песната: Ќе биде само парично казнет?

popara25 април, 20221min00
dzastin-biber-justin-bieber-01-830x0

Човекот кој ги тужел, наводно бара забрана која би ја запрела идната дистрибуција на песната

Пејачот Џастин Бибер и поп дуото „Dan + Shay“ се тужени поради наводна кражба на нивниот хит сингл „10.000 Hours“.

Основниот дел од синглот наводно бил украден од песната „The First Time Baby Is A Holiday“ од 1973 година, пишува „Radar“.

Споменатиот хит од 1973 година е напишан пред повеќе од 40 години, а објавен е дури во 2014 година. Експертите наводно пронашле сличности во дури 47 музички секвенци, се наведува во тужбата.

Тие тврдат дека „без песната на тужителот“, песната на Бибер не би ни постоела. Експертската анализа наводно споменува копирање во „рефрен, стих и премин“.

Заклучиле дека е толку забележливо што нема шанси песната да биде „независно креирана“.

– Мојот клиент има намера да бара правда во овој случај и е возбуден што ќе има ден на суд – рече Тре Ловел, кој го застапува тужителот, „International Manufacturing Concepts, Inc“.

Бибер и кантри поп дуото ја објавија песната во 2019 година, а таа беше главниот сингл од студискиот албум на „Dan + Shay“ од 2021 година, „Good Things“.

Човекот кој ги тужел, наводно бара забрана со која би се стопирала идната дистрибуција на песната, парична исплата и официјално да се каже кој е авторот на таа песна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma