Беше прикажана последната емисија на Елен Деџенерис, а гостинка беше Џенифер Анистон
Елен Деџенерис синоќа ја имаше последната емисија по 19 години прикажување. Поранешната ѕвезда на серијата „Пријатели“, која беше прва гостинка во шоуто „Елен Деџенерис“ пред 19 години, Џенифер Анистон, ѝ се придружи на водителката за време на нејзината последна епизода во четвртокот.
Во текот на разговорот Анистон се осврна на одредени моменти од нејзиниот живот, кои отсекогаш ја интересирале јавноста. Таа раскажа како се чувствува по завршувањето на култната серија „Пријатели“ во 2004 година. Џенифер, како и секогаш, беше подготвена да се пошегува на своја сметка:
– Па, се разведов и отидов на терапија – се пошегува таа, мислејќи на разводот од актерот Бред Пит во 2005 година по пет години брак.
– О, а потоа снимив филм под името „Раскинување“. Размислував „Ајде да го направиме ова сосема ново поглавје. Ајде да завршиме сѐ и да почнеме одново“ – беше искрена Џенифер.
Џенифер и Бред почнаа да се забавуваат во 1998 година, а се венчаа во 2000 година пред да се разведат во 2005 година.