Џенифер Анистон проговори за претпоставките дека ја избрала кариерата наместо децата

popara28 јули, 20221min00
Screenshot_3

„КОГА ЌЕ ИМАШ ДЕЦА? веројатно е прашање што го слушнала речиси секоја жена без деца над 30 години, па ни Џенифер Анистон не е исклучок. Со текот на годините, познатата актерка слушнала многу гласини за нејзиниот живот. Таа отворено проговори за некои од нив и со тоа ги замолчи оние кои ги шират.

 

 

 

Се претпоставуваше дека таа ја избрала кариерата наместо децата

53-годишничката во едно интервју открила дека никогаш во животот не рекла дека не сака да има деца. За најинспиративни ги смета жените кои имаат и кариера и деца, па не сакала да се ограничи само на една работа.

 

„Отсекогаш сакав деца и никогаш не би се откажала од тоа искуство за мојата кариера. Сакам да имам сѐ“, изјави таа.

 

 

Се зборуваше дека нејзиниот брак со Бред Пит се распаѓа бидејќи не сака да основа семејство

 

Бред Пит и Џенифер Анистон беа едни од омилените парови на Холивуд. Тие се венчаа во 2000 година и изгледаа како да водат живот од бајките. Во тоа време, двојката беше подготвена да започне ново поглавје во нивната врска и ветија дека ќе основаат семејство веднаш по завршувањето на 10-годишната серија „Пријатели“.

 

Но, исходот беше сосема поинаков од планираниот. Тие се разведоа во 2005 година, по пет години брак. Недолго потоа Пит се појави во јавноста со својата нова девојка Анџелина Џоли, а веќе во 2006 година објави дека очекува дете со неа.

 

Поради ова луѓето мислеа дека Пит сака да основа семејство, но дека Анистон не го сака истото. Се претпоставуваше дека поради тоа се развеле. Овие обвинувања ја налутија Анистон.

 

„Немате поим што се случува со мене. Ниту лично, ниту медицински, зошто не можам или можам да имам деца. Луѓето не знаат ништо”, рекла таа еднаш.

 

Таа напиша срдечно писмо објаснувајќи дека жените се комплетни со или без деца

„Ние сме комплетни со или без партнер, со или без дете. Сами одлучуваме што ни одговара кога е во прашање нашето тело. Таа одлука е само наша. Ајде да ја донесеме за себе и за младите жени, за кои сме пример. Ајде да ја донесеме таа одлука свесно, надвор од таблоидите. Не мора да бидеме мажени или мајки за да бидеме комплетни. Можеме да си го дефинираме своето „и тие живееја среќно до крајот на животот.“ Уморна сум да бидам дел од оваа приказна Да, можеби еден ден ќе станам мајка, и бидејќи „Ви велам, ако некогаш го направам, прво ќе ве известам. Но, не барам мајчинство затоа што се чувствувам нецелосно“, рече таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma