Младенците Џенифер Лопез и Бен Афлек присуствуваа на нивниот прв заеднички црвен тепих откако се венчаа во јули оваа година.
Дека љубовта вреди да се чека и дека среќата сепак наоѓа начин докажа и овој пар кој требаше да се венча пред нешто повеќе од 20 години, но околностите беа поинакви.
Сега парот, без да ја изгуби насмевката, им позираше на фотографите на модната ревија на Ралф Лорен пролет 2023. Со оглед на тоа што често ги усогласуваат своите гардероби за важни настани, решија да бидат во ист тон. Погледнете подолу како изгледаа тие: