Џенифер Лопез и Бен Афлек уште еднаш кажаа „ДА“: Пејачката блесна во популарен крој на венчаница, а до олтарот ги придружуваа нивните деца (ФОТО)

popara21 август, 20221min00
Screenshot_4

Откако го кажаа судбоносното „да“ во Лас Вегас минатиот месец, Бен Афлек и Џенифер Лопез повторно се венчаа оваа сабота на раскошна церемонија во имотот на Афлек, Рајсборо во Џорџија, САД, на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.

 

 

Како што пренесуваат странските медиуми, на сите гости им било наложено да носат бело, а Лопез носела венчаница на Ралф Лорен.

 

Погледнете ТУКА

 

Иако поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, ја одбила поканата за венчавката, церемонијата не ја пропуштија децата на актерот, кои тој ги доби од претходниот брак. Меѓу гостите беа и близнаците Ема и Макс, кои Џенифер ги доби во бракот со Марк Ентони.

 

Погледнете ТУКА

Мет Дејмон на венчавката пристигнал со сопругата Лусијана Баросо, а на венчавката присуствувале и некои други големи холивудски имиња како Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Зелвегер и Џими Кимел.

 

 

Минатата година ја обновија својата романса

 

Да потсетиме, Џенифер објави дека се омажила за Афлек, нејзината долгогодишна љубов, ден по венчавката во Вегас, која се одржа на 16 јули.

 

„Го направивме тоа. Љубовта е преубава. Љубовта е љубезна. И се покажа дека љубовта е трпелива. Дваесет години трпение“, напиша Лопез.

 

Бен и Џенифер се запознале во 2001 година на снимањето на филмот „Gigli“. Следната година се верија, а по извесно време одложување на свадбата, се разделија во 2004 година. Афлек тогаш беше во брак со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони, со кој има близнаци. Џенифер и Афлек ја обновија својата романса минатата година, а се венчаа пред еден месец.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag