
Џенифер Лопез реши значително да ја скрати косата
Џенифер Лопез вчера е видена на улиците на Беверли Хилс во друштво на најстарата ќерка на Бен, Вајолет (16).
Тие две изгледале како одлично да се забавуваат додека ги завршуваат дневните обврски низ градот. Она што не можеме да не го забележиме е големата промена на Џенифер. Пејачката и актерка решила да ја смени фризурата по венчавката, па значително ја скрати косата, а има и шишки. Косата и изгледа како природно да ја просушила и излегла.
За прошетка низ градот, Џенифер се одлучи за едноставна комбинација на крем широки панталони и бела маичка. Избор кој не може да биде погрешен за преминот од летна во есенска сезона. На аутфитот додаде кафен ремен и голема Диор чанта, која ја обожава. На сè додаде златен накит и есенцијални очила за сонце.




Вајолет, со која се шеташе Џенифер, е најстарата ќерка на Бен Афлек, а актерот ја доби во бракот со колешката и поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Интересно е што сите деца на Бен и Џенифер присуствуваа на неодамнешната свадбена церемонија што било исклучително значајн за парот.