ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПОЛУДЕ ПОРАДИ ВИДЕОТО СО БЕН АФЛЕК! Видеото кое го обиколи светот – еве што се случи

popara31 август, 20221min00
Screenshot_8

Џенифер Лопез сака фановите да престанат да го објавуваат видеото од нејзината венчавка со Бен Афлек во Џорџија.

 

 

 

Лопез и Афлек се венчале на 17 јули на интимна церемонија во Лас Вегас, а минатиот викенд направиле многу поголема прослава на имотот на актерот.

 

Во видеото, првично објавено од „TMZ“, може да се види како Лопез пее и танцува во еден од нејзините Ralph Lauren фустани, додека Афлек седи пред неа на стол. Звучи како Лопез да пее нова, посебна песна со „Can’t Get Enough“.

 

Откако видеото се појави на светските таблоиди, Џенифер изјави дека видеото е „украдено“ и продадено на медиумите од страна на гостин на венчавката, бидејќи сите потпишале договор за необјавување, пишува „Page Six“.

 

Погледнете ТУКА

 

 

„Ова е снимено без дозвола. Точка. И кој и да го направил тоа, го искористи нашиот приватен момент. Не знам од каде ви е тоа, бидејќи имавме договор за тајност и ги замоливме сите да не споделуваат ништо од нашата венчавка. Тоа е наш избор дали ќе споделиме нешто. Сè што објавувам приватно е на мојата страница OnTheJLO и тоа е за споделување со моите обожаватели, а тоа ќе го направам кога ќе бидам спремна. Ова е украдено без наша дозвола и продадено за пари“, порачала Лопез.

 

За потсетување, Џенифер и Бен својата романса ја обновија минатата година, а пред еден месец се венчаа во Лас Вегас. Неодамна организираа тридневна гламурозна свадбена веселба на која присуствувале нивните најблиски пријатели и семејството.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma