Џенифер Лопез пред два дена настапи со своето 14-годишно дете Ема на церемонијата на „Blue Diamond“ на фондацијата LA Dodgers на општо задоволство на публиката. Според Мирор, обожавателите биле особено воодушевени кога Џенифер ја најавила својата ќерка за „омилен партнер за изведување на дуетот“, но во посебен контекст …
Имено, фановите забележале дека Џенифер во речениците употребувала неутрална родова заменка „тие“ кога ја најавувала својата ќерка:
– Последниот пат кога стапнав на толку голем стадион ги замолив да пеат со мене, но немаше шанса, па ова е многу посебна прилика за мене. Знаете, тие се многу зафатени, резервирани од сите страни и многу скапи. Ме чинат секогаш кога излегуваат, но вредат секој денар, бидејќи ми се омилен дуетски партнер на сите времиња – изјавила шеговито Џеј Ло и предизвикала овации.
Last night … @Dodgers #LADFGala
📸 @notchrisvilla pic.twitter.com/r9RpLZaFMD— jlo (@JLo) June 18, 2022
Џенифер и Ема ја изведоа песната на Кристина Пери „A Thousand Years“.
Како што се очекуваше од суперѕвездата, мама изгледаше прекрасно во тиркизно палто со пердуви со соодветни панталони и кроп топ кој одлично се вклопуваше во стајлингот, додека симпатичните Ема беа „кул“ во розова облека.